Бучковски во дипломатска офанзива - Ќе оди на појадок кај Обама

Молитвениот појадок традиционално се одржува секоја година од 4 до 7 февруари во Вашингтон.

Претседателот на Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, Владо Бучковски на покана на членови на Конгресот на САД, ќе присуствува на 62-от по ред Молитвен појадок, што  традиционално се одржува секоја година  од 4 до 7 февруари  во Вашингтон.

За време на престојот, како што најавуваат од партијата, Бучковски ќе оствари повеќе средби меѓу кои и со Џенис Хан, сенатор од Демократската партија од Калифорнија и претседавач на овогодишниот Молитвен појадок. Се очекува на средбата да се разменат на мислења во врска со развојот на актуелните состојби во Република Македонија, како и за поддршката и помошта што ја даваат САД за натамошен развој на демократските процеси во земјата.

При посетата на Стејт Департманот, на средбата со г. Џонатан Мор  директор на одделот за Европа и Евроазија, Бучковски ќе ги запознае соговорниците со видувањата и ставовите на Алијансата за Позитивна Македонија за политичката и економската состојба во која се наоѓа Република Македонија денес, како и состојбите во регионот. и евроатланската перспектива.

На Универзитетот “Џорџ Вашингтон”, еден од најпрестижните научни установи, Владо Бучковски ќе се состане со проф. Шон Марфи, истакнат експерт по меѓународно право, кој меѓу другото, ја застапуваше Република Македонија пред Меѓународниот суд во Хаг.

Најавено е дека Бучковски ќе одржи и предавање на ЕДИ- Институтот за демократии во развој, чија основна мисија е – поддршка на либералните демократии и пост-конфликтни земји од Југоистоцна Европа, регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, а со цел размена на позитивни искуства и остварување на партнерски односи.

Се очекува, предавањето  да биде прилика и за афирмирање на програмските определби  и целите на АПМ, во пресрет на претстојните политички процеси во Република Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top