Буфон беше прашан дали ќе го менува својот став за Оливер - тој даде јасен одговор

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, одби повторно да се извине за потегот кон судијата Мајкл Оливер, за кој тој сметаше дека погрешил и избрзал со досудениот пенал..

Познато е дека Јувентус загуби во Торино со 3:0, но затоа тоа го надополни во Мадрид по едни чудни околности, но тоа е во ред кога е во прашање денешниот фудбал.

Сето тоа беше бурно дочекано во 93. минута кога судијата Оливер на свое убедување, досуди на белата точка за Реал, кој со голот од пенал на Роналдо, се извлече и пројде во полуфиналето.

Но по неколку дадени интервјуа, Буфон стои на својот став, дека постапил вистински и праведно за тоа што протестирал.

Нема зошто да се правдам или извинувам, бидејки јас сум човечко суштвество кој има емоции и бес. Вие можете да критикувате или извинувате, но тоа сум јас, Џиџи Буфон. Судија со поголемо искуство немаше да досуди пенал и немаше да дозволи да биде протагонист на натпреварот. Некој друг судија ќе дозволеше да играме продолженија, тоа беше најправедно, крај на приказната“, истакна Буфон.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top