Буфон бил договорен со Барса, а кога Јуве разбрал експресно реагирал

Искусниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се врати во Јувентус со кого потпиша едногодишен договор..

Буфон минатото лето ја напушти „Старата дама“ откако му истече договорот и не доби шанса да ја продолжи соработката. Одби да ја заврши кариерата и потпиша за ПСЖ на една година.

Но, на крајот од оваа сезона не сакаше да остане во Париз, но исто така најави дека ќе брани барем уште една сезона. И тогаш, кога никој не очекуваше, Јувентус му испрати понуда која Јувентус едноставно не можеше да ја одбие.

Буфон по потпишувањето на договорот порача дека тоа едноставно е негов дом и дека повикот од клубот за кој бранел 18 години не може да се одбие.

Меѓутоа, италијанските медиуми утринава објавија интересна приказна зошто Јувентус му понудил на Буфон договор. Според „Газета дело Спорт“, Буфон имал понуда од Барселона која сериозно ја разгледувал.

Каталонскиот клуб му понудил да биде резервен голман следната сезона за што Буфон немал ништо против. Но, кога во Јувентус разбрале за тоа одлучиле да го повикаат и да му ја понудат истата опција бидејќи знаеле кого легендарниот Џиџи на крајот ќе го избере.

„Ако веќе си резерва, барем биди резерва во својот дом“, наводно му порачале од Јуве на Џиџи, а овој воопшто не се двоумел.

Но, многумина порачаа деак Јуве и минатото лето можел да го остави Буфин, но овој голман ја покажа својата големина бидејќи заборави на минатото лето и се фокусираше само на следната сезона.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top