Буфон призна: На два наврати бев близу до заминување од Јувентус

Легендата на Јувентус, Џиџи Буфон призна дека на два наврати бил и тоа како близу до напуштање на клубот..

„На два наврати за малку ќе го напуштев Јувентус. Тоа беа времиња кога се уште не можев да сфатам што значи Јувентус. Приметив дека работите одат во погрешен правец и дека мора да прифатам одговорност или пак работите и понатаму ќе бидат лоши. Но и во тие моменти судбината за среќе ја одигра својата улога и останав овде“, изјави Буфон.

Џиџи на „Бјанконерите“ им се приклучи во 2001 година кога пристигна од Парма, а тимот не го напуши ниту кога Јуве беше исфрелн во Серија Б. Актуелниот договор на Буфон истекува на крајот од сезоната, а веќе претходно изјави дека потоа планира да се пензионира.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top