Буфон се издаде, му се заканува казна!

Еден од најдобрите голмани во историјата Џанлуиџи Буфон се врати во татковината во потрага по нов предизвик во кариерата која не планира да ја заврши иако има 41 година..

Ветеранот на својот профил на Твитер, со соодветен опис и мотивирачка порака, објави фотографија која предизвика многу полемики, а поради која тој може да заврши со казна.

Фотографијата откри дека тој вози без безбедносен појас и тоа со брзина ос 155 километри на час. 

На автопатиштата низ Италија, максималната дозволена брзина изнесува 130 километри на час.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top