Бугарија ги засили граничните патроли за заштита од мигрантите во Грција

Бугарија ги засили граничните патроли и е подготвена да го спроведе планот за кризен менаџмент, откако над 1.000 мигранти тргнаа од кампот Диавата во близината на Солун кон грчко-македонската граница.

Маринов информирал дека испратиле дополнителна опрема на границата, вклучувајќи термални камери, ноќни визири, опрема за видео мониторинг и мобилни патроли со цел да можат брзо да ги пресретнат обидите за преминување на границата, но и брзо да комуницираат со грчките власти за да ги спречат обидите за нелегално минување на бугарска територија. 

Бугарското Министерство за внатрешни работи, како што кажал тој, добило информации дека мигрантите од кампот Диавата ќе се обидат д атргнат кон Северна Македонија, но од бугарска страна се преземени неопходни мерки и се контактира со соседните земји. 

Мигрантите го напуштија кампот во обид да се пробијат до македонската граница откако лажни вести се прошириле на социјалните мрежи дека ќе се отвори балканската рута, но се судрија со грчката полиција. 

Во Грција има над 70.000 мигранти кои се таму уште од 2016 година, отккао ЕУ и Турција постигнаа договор за запирање на мигрантскиот бран.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top