Бугарија и Србија ќарија, Македонија извиси за „Турски тек“

Универзитетскиот професор Константин Димитров во напис за за „Дојче веле“ оценува дека изградбата на „Турски тек“ ги урна надежите за цевковод и низ македонска територија..

„По официјалниот старт на работата на Турски тек“ и дефинитивно е јасно дека низ македонска територија нема да поминува транзитен гасовод. Или барем не во блиска иднина. Новата реалност генерално не значи ништо посебно за македонските потреби од гас, бидејќи набавката ќе продолжи по стариот терк. Но, дефинитивно не е пријатна, со оглед дека регионот добива не само стабилно снабдување, туку и дополнителен финансиски бенефит:

„Генерално гледано, Македонија останува на истото ниво, ќе добива гас толку колку што ќе може да плати, бидејќи тоа е стока како и се друго. Досега тој гас доаѓаше од Русија, преку Украина, а сега ќе биде низ истиот цевковод, но ќе доаѓа преку Турција, односно преку т.н.‘Турски тек’ којшто влезе по истата цевка назад во Бугарија и нормално ќе може да се транспортира до Македонија. Но сега се овозможи и Србија да влезе сериозно во овој проект. Со тоа и тие добиваат финансиски придобивки, Бугарија си ги стекнува количествата што ѝ се потребни и што ги нема, ние ќе добиваме толку колку што ќе можеме да платиме и купиме, но транспортен цевковод низ Македонија нема да има најмалку во следните десет години“, оценува универзитетскиот професор Константин Димитров за Дојче веле.

Транзитниот гасовод низ Бугарија и Србија ќе им донесе пари од секој кубен метар гас по изминат километар. Односно како еден вид патарина за транспорт. Ова сценарио своевремено беше и македомнска опцијаа, но не вроди со плод поради тактиката на Софија, но и политичките промени во Македонија:

„Претходната влада подготви терен за тоа, но со тоа што Бугарија се спротивстави на тој терминал под притисок на ЕУ и САД, проектот ‘Јужен тек’ пропадна и се создаде ‘Турски тек’ со задоцнување од три години.

Повеќе „Дојче веле“



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top