Бугарија и Србија ќе ја зајакнуваат соработката во енергетиката и инфраструктурата

Премиерите на Бугарија и на Србија, Бојко Борисов и Ана Брнабиќ денеска во Софија се заложија за зајакнување на билатералната соработка во сферата на трговијата, енергетиката и инфарструктурата..

Средбата Борисов-Брнабиќ се одржа во пресрет на почетокот на денешниот Седми самит меѓу Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа во Софија.

Двајцата премиери како особено значајно го истакнаа поптишувањето на Меморандумот за разбирање за изградба на гасниот интерконектор Бугарија-Србија.

– Изградбата на нафтоводот Ниш-Димитровград е еден од приоритетните проекти за Србија, преку кој ќе обезбедиме извори за сигурно снабдување на нашата земја и на Бугарија, изјави српската премиерка.

Борисов и Брнабиќ разговараа и за реализацијата на инфраструктурни прокети, како што се источниот крак на Коридорот 10 и модернизацијата на пругата Ниш-Димитровград, што треба да започне кон крајот на оваа или почетокот на идната година.

Брнабиќ му се забладори на Борисов за напорите на Бугарија за враќање на проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан за време на бугарското претседавање со Унијата во првите шест месеци од оваа година.

Двајцата премиери разговараа и за прашањето за националните малцинства, при што Брнабиќ нагласи дека Србија ги обезбедува највисоките европски стандарди за заштита на правата на припадниците на сите национални малцинства во семјата, вклучувајќи го и бугарското.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top