Бугарија ја зголемува поддршката за Македонија по поканата од НАТО

Ја поздравуваме одлуката од самитот на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата - решавачкиот чекор кон нејзината евроатлантска припадност, се посочува во соопштение на бугарското МНР, лиферувано од БТА..

„Ја поддржуваме одлучноста на Владата во Скопје да продолжи со примена на реформите и со зацврстување на добрососедските односи“, се наведува во соопштението.

Од наша страна, продолжува бугарското МНР, ќе продолжиме да ја даваме неопходната поддршка во духот на нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишавме во 2017 година, и додава дека „постигнатиот напредок го гледаме и како успех на нашата активна политика за европска и евроатлантска иднина на целиот регион - успешно реализиран приоритет во рамките на штотуку завршеното бугарско претседателство со Советот на ЕУ“.

Поканата кон Република Македонија е јасна потврда дека политиката на „отворени врати" на Алијансата останува актуелна и придонесува за сигурноста и стабилноста во евроатлантскиот простор. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top