Бугарија откри дека има доволно биткоини за да исплати петтина од својот долг

Стотици илјади биткоини биле запленети во антикорупциска операција во Бугарија, јавува Зирохеџ. Тие во моментов се вредни 3,6 милијади долари, што е доволно да се исплати една петтина од националниот долг на земјата кој изнесува 16,5 милијарди долари..

Десетици луѓе беа уапсени во мај по истрагата на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа (СЕЛЦ) на наводна царинска измама, се тврди во написот.

Бугарската полиција запленила 213.519 биткоини, во тоа време вредни 500 милиони долари. Запленетото количество сега вреди неверојатни 3,6 милијарди благодарение на ненадејниот раст на вредноста на дигиталната валута.

Во операцијата беше спроведена истрага на „над 100 адреси, осомничени и возила“, соопшти СЕЛЦ.  Од уапсените 23 осомничени, петмина биле бугарски царински службеници. Полицијата запленила „опрема, уреди за комуникација, компјутери, таблети и банкарски документи“.

„Групата за организиран криминал е составена од бугарски државјани со врски во македонија, Грција, Романија и Србија“, се вели во извештајот на СЕЛЦ.

Според извештајот на бугарската полиција, групата регрутирала „корумпирани цариници во сите вмешани земји со цел да се инфилтрира вирус во царинските компјутерски системи.

Откако вирусот бил инсталиран, криминалците можеле да менуваат податоци, па во царинскиот систем изгледало дека товарот бил веќе проверен и пропуштен“.

Според СЕЛЦ, „криминалците го избрале биткоинот за средство за инвестирање/чување пари, поради комплицираноста за негово следење“.

Највредната светка криптовалута биткоинот минатата недела го достигна врвот на својата вредност од 18.000 долари. Вкупната вредност на сите биткоини во оптек веќе ја надмина годишната вредност на цели државни економии, како на пример Португалија и Катар.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top