Бугарија: Употребата на хемиско оружје е воено злосторство

Употребата на хемиско оружје е воено злосторство, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева..

„Ние постојано ја изразуваме силната непомирливост за употреба на хемиско оружје. Ние нагласуваме дека не постои причина да се оправда убиството на невини граѓани, вклучувајќи ги и децата. Употребата на хемиското оружје е воено злосторство “, рече министерката.

Таа посочи дека како одговор на нов хемиски напад против цивилни жители во Сирија, ноќеска САД, Велика Британија и Франција започнале ограничен напад против капацитети поврзани со производство на хемиско оружје. Захариева рече дека целите биле прецизно избрани, па затоа немало жртви во нападите.

„Ние ја разгледуваме еднократната воена операција како предупредување за ставање крај на ваквите незаконски дејства на сирискиот режим. Веруваме дека ова е еднократен ограничен удар предизвикан од производството на хемиско оружје што ќе ја спречи употребата на хемиско оружје против мирни граѓани во иднина“, рече Захариева.

Таа додаде дека бугарската страна била информирана за ракетните напади и изрази загриженост во врска со евентуална ескалација на конфликтот. Захариева го повика сирискиот режим, да прекине со сите дела што го кршат меѓународното хуманитарно право.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top