Бугарска пропаганда: Македонците имале исто потекло со „Бугарите“ (1 дел)

Според најновите археолошки испитувања, се мисли дека Словените се староседелци на Балканот, а бидејќи Траките, Македонците и Илирите биле слични народи, Византија ги нарекла сите со заедничко име Словени, односно Анти..

Американскиот Prof. Dr. Florin Kurta во својата книга „History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700“ тврди дека по археолошките испитувања на подунавскиот Балкан (вклучувајќи ја и Македонија), немало никакви преселби во VI век; за време на Јустинијан, се појавила голема економска криза, глад и немаштија, па луѓето од градовите почнале да мигрираат по селата. Како доказ на својата теорија, Др. Флорин Курта ја приложува генетиката на денешните балкански народи, чии гени одговараат на балканските жители од палеомезеонеолитските миграции, некаде 5000-6000 години стари (The Making of the Slavs: History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700 (Cambridge Studies in Medieval Life and Thought: Fourth Series) by Florin Curta, Rosamond McKitterick (Series Editor), Christine Carpenter (Series Editor), Jonathan Shepard (Series Editor) Cambridge University Press (July 12, 2001). За овој труд, Др. Курта е награден со „Herbert Baxter Adams Prize“ на американското сојузно историско друштво (the American Historical Association, January 3, 2003).

Бугарската пропагандна машинерија тврди дека Македонците и т.н. бугарски „Словени“ имаат ист словенски корен и според тоа Македонците се Бугари. Но, тоа е сосема неточно, за што сведочи и историјата. Словенските народи се делат во повеќе национални групи и тоа: Словени, Анти и Венети. Сите тие имале сличен јазик, но биле различни етникуми. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав, а не од зад Карпатите.

Од историска гледна точка, се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ и е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Виетнамците, или пак Чесите со Африканците или со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Кинези или пак дека Полјаците се Американци.

Од друга пак страна, за својата и странската историја, бугарските историчари ја кажуваат историската вистина дека нивната модерна бугарска нација е создадена од мешавина на Трако-Мизијци, туркомонголските Бугари со 7 Антски племиња и Северјани (најстарото руско племе); извор: "Rulers of Bulgaria" Text by Profesor Milcho Lalkov, Ph.D.

Македонците никако не можат да се вклопат во „бугарскато племе“; не влечат потекло од Антите, Северјаните и Турко Бугарите. Напротив, Македонците биле големи непријатели на етникумите кои ја сочинуваат модерната бугарска нација.

Како што видовме погоре, биле непријателски настроени, а особено големи непријателства и војни имало меѓу Македонците и вистинските, турските Бугари.

Во Егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу Болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ“ (Державин, Н.С. История на България. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?).

Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај“, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци дека се Бугари.

На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од IX век од страна на Турско-татарските Бугари кои говореле турски јазик, стои: „Хан Омуртаг ја поведе својата војска против Македонците... Да ги уништи и да не можат да се оправат се` додека постои сонцето и тече реката“ ("Първобългарски надписи", Веселин Бешевлиев, София, 1979 г., БАН).

Нема дилема, вистинските Бугари кои бугарската историја ги нарекува прото-Бугари, биле турски азијатомонголски народ, со свој турски јазик (History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski);

Официјалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60.).

Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В честна професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).

Материјалната култура на првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елементи присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, V. Първобългарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска България и Централна Азия. - Втори международен конгрес по българистика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210).

Замислете, како Tурчин Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил!

Хан Кубрат и Хан Аспарух, основачите на Бугарија, бугарската историографија ги прикажува како турко-монголи. Знаејќи дека Македонците не можат да бидат дел од „бугарското племе“, модерниве бугарски „историчари“ почнаа да измислуваат како во Керамиското Поле (прилепското поле) се населил ханот Кубрат, користејќи еден цитат од „Животот на Св. Димитрија Солунски“ кој вели дека некој си Коурват дошол од Панонија со ромејски (византиски) пленици и ги населил во Керамиското Поле. Во Чудесата на Св. Димитрија се говори за извесен Коувер- водач на Аварите и за некој бунт кој избувнал во аварско племе, воден од Коувер ( L'Abbe A. Tougard, De l’histoire profane dans les actes grecs des Bollandistes (Paris, 1874), pp. 186 ff. ).

Подоцна тој Коувер, го нападнал и заробил Коринт (Пелопонез) и не останал во Керамиското Поле, Тракија (Ibid., pp. 521 f.). Но, пак тој Коувер и во останатите историски извори е претставен како водач на Аварите. Сега тој Коувер некој ни го претставува како Бугарин. Но, како што вели народов, на лагата и се кратки нозете, па има доста византиски извори за тој Хорбатос. Кубер никогаш не се населил во Македонија. Според Солунската Легенда, Кувер, вазал на аварскиот хаган, востанал против својот претпоставен и протеран е од Аварија (денешна Војводина) и заедно со негови пленици, Бугарите тврдат дека тоа Керамијско Поле е битолското поле, но битолското поле од антички времиња, преку средновековието, па се` до денес го носи исклучиво само името Пелагонија.

На солунчаните добро им било познато името Пелагонија, а и Керамијското Поле, кое се наоѓа во Смолјанската област. Впрочем, Драговитите ја населувале територијата на исток од Солун, од Солун до реката Бистрица, Бер (Петров, П. Образуване на българската държава. С., 1981, 64-65), па византискиот пишувач на „Солунската Легенда“ точно го лоцира местото каде Кувер ги населил Ромејците т.е. источно од Солун; но, тој направил само една грешка, Керамијското Поле не е во областа на Драговитите, туку во областа на Смолјаните (Тракија), кои се населени уште поисточно од Драговитите. Тоа е сосема нормално за тоа време, византискиот свештеник -писател знаел дека на исток од Солун живеело племе Драговити, но не бил добро запознаен точно со народот во Смолјанската област, по југоисточно од Драговитите.

Превземено до македонска нација


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top