Бугарскиот амбасадор во Австралија ќе побара одговорност за палењето на бугарското знаме во Мелбурн

Бугарските власти ќе бараат одговорност за запаленото бугарско знаме за време на протестот на македонската дијаспора пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија..

Петар Николаев, в.д. бугарскиот амбасадор во Австралија, од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева доби задача да се сретне со австралиските власти и да ги повика да бидат преземени мерки против сторителите на овој инцидент и да ги замоли во иднина органите на редот да се спротивстават на ваквите обиди на палење на државните симболи.

Вчера и македонската Влада го осуди палењето на макетите со ликовите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска пред конзулатот во Мелбурн.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top