Бугарскиот премиер Борисов во Македонија

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов денеска ќе престојува во Македонија..

Тој за време на посетата претпладнево ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски. 

Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов по нивната средба на која ќе се одбележи двегодишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји ќе учествуваат на церемонијата на положување цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. 

Во Дојран пак, тие ќе го откријат обновениот споменик на полковникот Константин Каварналиев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top