Бура во Барса: Меси и Гризман во клинч!

Се појасно се покажува дека трансферот на Антоан Гризман во Барселона е катастрофална грешка на управата која со сите сили се обидуваше да го оствари..

Платени се 120 милиони евра за фудбалер кој не само што не носи никаква разлика, туку и пречи во развојот на младите и далеку поталентирани напаѓачи од него. На три натпревари по паузата, Гризман нема никаков ефект, против Севиља одигра само десетина минути, а катастрофалната форма е причина за неговиот гнев кон соиграчите.

Шпанскиот Дон Балон тврди дека напаѓачот влегол во конфликт со никој друг, туку најдобриот фудбалер во светот и икона на Барселона, Лионел Меси. Наводно, бил изнервиран што тој не му подал на мечот со Леганес во ситуацијата кога бил во шанса за гол. Меси во бес, за време на еден тренинг, му рекол дека е така, а Гризман физички го нападнал.

Ваквиот развој на настаните го носи Гризман се подалеку од Камп Ноу кога станува збор за идната сезона. Иако постигна 14 гола во сите натпреварувања, Французинот не е ни оддалеку засилување за клуб како Барселона. Меси инсистира да биде доведен Нејмар, но тоа може да се случи само ако клубот го продаде Гризман и тоа за сумата за која беше купен лани.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top