Cамо во август, докторите издале 1.300 илјади рецепти

Вкупно 155.000 електронски упати се креирани, а 90.000 се реализирани во август, што укажува на тоа дека електронскиот систем за закажување прегледи и интервенции „Мој термин“ функционира.

Во првите четири работни дена од овој месец, се креирани 45.000 упати, што е двојно повеќе во однос на првите четири работни дена од август кога беа креирани 22.000 упати. 

На 2 септември, бројот на креирани рецепти достигна рекордно ниво, односно 120.623 електронски рецепти (на 5 август имаше 111.532 креирани електронски рецепти). 

Ова вчера го истакна проект-менаџерот на националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“, Милан Аризанкоски. Тој посочи дека во август биле напишани 1.296.277 електронски рецепти, а само во првите четири работни дена од септември - 350.000 електронски рецепти, додека во првите четири работни дена од август - 205.000 електронски рецепти. 

Аризанкоски ги повика сите пациенти посовесно да се однесуваат кон електронски закажаните прегледи, бидејќи со недоаѓање на пациентите на закажаниот термин, се дестабилизира целата концепција на електронскиот систем.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top