Цаноски до Јанкулоска: Нека ја покани на кафе Емел Рамковска за да ѝ објасни како издржа во затвор со три деца

Бизнисменот и сопственик на АУЕ-ФОН, Сефер Цаноски на Фејсбук ја коментираше изјавата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на која Врховниот суд ѝ ја потврди казната од четири години..

- Гордана Јанкулоска: „Дома сум, кој сака нека повели на кафе”. Препорачувам да ја покани Емел Рамковска пред да влезе. Таа најдобро ќе и објасни како се издржуваат цели 6 години затвор и тортура. Емел беше не со едно туку со три малолетни деца во моментот кога ги затворија како глувци без да има можност да си ги види децата со години. Правдата може да задоцни, но секого ќе го стигне, напиша Цаноски.

Емел Рамковска е ќерка на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, која во судскиот процес „Пајажина“ беше осудена и одлежа шест години во затвор. Пресудата беше донесена и обвинетите беа уапсени додека на чело на МВР беше токму Јанкулоска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top