Царовска: Новата платформа можност и за модернизација на образованието

Министерката додаде дека платформата е мошне ефикасна и едноставна за сите коишто ќе ја користат..

Платформата за онлајн следење на наставата е можност за продолжување на образовниот процес во време на пандемијата, но и исчекор кон модернизација на образованието, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска за време на прес конференцијата по повод претставувањето на новата дигитална платформа за онлајн образование.

„Верувам дека кризата е можност забрзано да работиме на новите алатки, методи и пристапи во образованието, а со тоа да го подготвиме системот и учениците за иднината…моделот кој го избравме е баланс помеѓу доброто образование и заштитата на јавното здравје“, рече Царовска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top