Cе повеќе тинејџери во Полска, инволвирани во он-лајн проституција

Над 10 илјади полски тинејџери се разголуваат на интернет и разменуваат свои еротски содржини, а дури 90 отсто од нив тоа го прават за пари,.

Ова го покажува истражувањето на Научната и академска компјутерска мрежа (НАСK), која во Полска ја евидентира злоупотребата на Интернетот. 

- Проблемот со педофилната онлајн-проституција е во пораст. Тој нов феномен со себе носи многу опасности. Учеството во такви сеанси на видеочет ги изложува децата пред педофилите, стануваат жртви на уцени, на шиканирање или има злоупотреба на тие материјали за продукција на детска порнографија – вели директорот на НАСK, Михал Хшановски.

Повеќе од 20 илјади 15-годишници или околу пет отсто биле наговарани да се соблекуваат и да заземаат интимни пози пред компјутерските камери, а дури 10 отсто од 13-годишниците признале дека гледале малолетници во такви онлајн-преноси. 




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top