Цел Балкан ги отвора границите, нашите остануваат затворени

Државниот карантин за оние кои немаат валиден негативен тест на КОВИД 19 и неопходната самоизолација ќе продолжи и понатаму за сите граѓани кои ќе сакаат да влезат во нашата земја.

Министерот за здравство соопшти денеска дека трендот на зголемување на бројот на заразени и починати ќе го одложи отворањето на границите.

Филипче додаде дека разговарал со бугарскиот министер за здравство со кого оставиле повторно да се слушнат за прашањето за отворање на границите. Тој додаде дека досега граѓаните кои сакале да патуваат во странство испраќале писмено барање до Владата во кое се анализирале причините за патувањето и протоколите што треба да се следат.

За разлика од кај нас, од денес сите соседи и повеќето земји во регионот ги отворија своите граници и нивните граѓани можат да патуваат. Минатата недела нашите власти најавуваа дека е можно границите на Македонија да отворат до 15 јуни, но тоа се смени со зголемувањето на бројот на заразени со „Ковид 19“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top