„Цел“ бугарски државен врв ќе го убедува Иванов

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, од денеска ќе биде во дводневна официјална посета на Бугарија и практично „цел“ бугарски државен врв ќе го убедува да не прави опструкции во реализирањето на договорот помеѓу Македонија и Грција..

Иванов треба да се сретне со својот бугарски колега Румен Раден, но и да има средби со бугарскиот премиер Бојко Борисов, со министерката за надворешни работи екатерина Захариева, како и со претседателката на бугарското Народно собрание.

пред Иванов, ќе пристигне неговата сопруга Маја Иванова, која треба да ја посети спомен-куќата на Никола Јонков Вапцаров.

Пристигнувањето на Иванов е најавено со сите почести и неколку улици и паркинзи во бугарската престолнина ќе бидат затворени за сообраќај.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top