Цел свет пишува за ебола во Македонија

Светските медиуми брзо ја пренесоа информацијата за британецот, кој вчера попладнето беше хоспитализиран на инфективната клиника во Скопје а почина час и половина подоцна..

Светските здравствени работници во паника поради рапидното зголемување на бројот на заболените од ебола и новите случаи во земји надвор од Африка. Особена паника предизвика случајот во Мадрид каде од ебола е заразена медицинска сестра чија здравствена сосотојба се влошува, потоа двата случаја во Далас, еден во Лајпцинг и еден во Австралија, нов случај во Бразил, еден на Кипар, еден во Чешка  и се уште непотврдениот случај во Македонија.

Светските медиуми брзо ја пренесоа информацијата за британецот, кој вчера попладнето беше хоспитализиран на инфективната клиника во Скопје а почина час и половина подоцна. Веста прв ја објави Британски Телеграф, за да подоцна ја презедат сите странски медиуми. Асошиејтед прес објави дека се уште се чекаат резултатите кои се пратени на анализа а треба да бидат готови за 48 часа.

На Дејли Мејл осамна насловот “почина британец од ебола, и покрај тоа што не патувал во Африка, наоружани стражари го чуваат хотелот каде престојувал”. Хафингтон пост пак починатиот 58 годишен британски државјанин го помешаа со болничарот Вилијам Поли кој има 29 години, а минатиот месец беше излечен. И соседните земји информираат за случувањата во регионот. Б92 со наслов “Во Македонија најверојатно лажна узбуна”. Tajnjung, објавува “Големи се шансите да не е ебола, се чекаат резултатите”.

Министерството за здравство на Србија соопшти дека ги презема неопходните мерки за превенција  со појавата на првите случаи на болеста на територијата на Европа. Во Србија  над 700 лица се под медицински надзор. Инаку во САД на здрави доброволци се тестира нова вакцина против болеста од која до сега во Африка починаа над 3800 лица.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top