Цел живот е во Реал, а сега е време за заминување: Следна дестинација Серија А

Цел живот е во Реал, а сега е време за заминување: Следна дестинација Серија А.

Начо Фернандез ги помина младинските селекции на Реал Мадрид, а од 2013 година игра за првиот тим на трофејниот клуб од главниот град на Шпанија.

Сепак, според извештаите од Пиринеите, Начо се подготвува да се пресели на Апенините, каде го бараат три клуба од Серија А.

„Мундо Депортиво“ наведува дека за неговите услуги се заинтересирани Наполи, Рома и Милан.

Начo е застапуван од истите агенти како Алваро Мората, при трансферот на Мората во Јувентус, па тој ја искористи посетата на Италија за да разговараат за иднината на 30-годишниот стопер.

Инаку, Начо досега одигра 200 натпревари во првиот тим на Лос Бланкос, и има голем број освоени трофеи, вклучително и четири во Лигата на шампиони.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top