Централните поминаа, пораките пратени: Уште една недела митинзи

Последна недела од изборната кампања. Уште пет дена кандидатите имаат за одржување на митинзи, собири и трибини со граѓаните пред кои ја претставуваат изборната програма..

Централните митинзи се одржаа во метрополата викендов. Прва во Скопје митингуваше професорката која е од редовите на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова која во саботата порача дека на Македонија и е потребна жена за претседател.

Македонија има прекрасно име, во женски род е, не ѝ треба придавка. А, пред вас стои жена. На Македонија ѝ треба жена, на татковината ѝ треба жена. Јасно е жошто! Зошто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки, добри другарки, и тоа нè прави посилни и побогати. Е сега дојде време да ги покажеме способностите, не само човечките, туку и женските, рече Силјановска Давкова.

 

Кандидатот на СДСМ и коалицијата „Заедно напред“ во Скопје митингуваше во неделата а пораките кои Пендаровски ги упати до граѓаните се дека неговиот противкандидат Силјановска ниту сака ниту пак може да биде претседател на сите граѓани.

Пендаровски рече дека на Македонија не и треба наследник на Иванов, ниту пак уште еден кочничар кој јавно се заканува дека ќе ја повлече државата назад.

19 април е денот кога ќе заврши изборната кампања. Во саботата следи изборен молк, додека на 21 се одржуваат шестите претседателски избори.

Третиот кандидат Блерим Река е кандидат на партијата Беса и Алијансата за Албанците.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top