Цеск низ интервју го долови неговиот најголем страв кој го имал во Челси

Цеск Фабрегас во неговото најново интервју за островските медиуми, открива дека се плашел за неговата кариера во Челси, односно дека стравувал дека тој ги потрошил џокерите во овој клуб..

Минатата сезона во овој период од сезоната, Цеск Фабрегас имаше забележано само 4 натпревари, што за него било алармантно, сметајки дека никогаш повеќе нема да ја добие довербата на тренерот, но по 12 месеци, сликата е сосема поинаква.

Оваа сезона, во овој момент, само двајца играчи во Челси имаат повеќе настапи од Цеск, тоа се Азпиликуета и Маркос Алонсо.

Би ве лажел доколку кажам дека не бев загрижен, бев и тоа многу. Загрижен можеби и не е вистинскиот збор со кој можам да ви доловам, јас не играв редовно и не бев дел од плановите на тренерот. Во таква ситуација може да сторите две работи, да ги прифатите случувањата во клубот и да се откажете, или само да ја наведнете главата, да работите напорно секој ден, за да покажете дека некој погрешил со вас„.

Секогаш по тој период кога добивав шанса, давав се од себе кога сум на терен. Сега можам да кажам дека нашата соработа е фантастична. Ја разбирам стратегијата на тренерот и можам да кажам дека сега сум горд на постигнатото, бидејки сум присутен таму каде што сакам да бидам а тоа се должи на упорноста и внесеноста во работата“, истакна Цеск Фабрегас.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top