Чадиковски до Мицкоски: Свесни ли сте дека освоивте најмалку гласови од кога учествувате на избори

Во синоќешното интервју на 24 Вести, уредникот во оваа телевизија и Претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски беше прилично упорен во своите настојувања да добие одговор од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски..

Мицкоски од друга страна се држеше до својот став дека ова е историски резултат на ВМРО-ДПМНЕ. Тој овој свој став го бранеше со тезата дека пред овие избори, ВМРО-ДПМНЕ го напуштиле повеќе коалициони партнери, а коалицијата на СДСМ се окрупнила:

-Земете го примерот со Амди Бајрам. Тој своите гласови, кои не се малку, сега ги пренесе кај владеачката коалиција предводена од СДСМ.

Но и покрај тоа, партијата на власт освои само толку гласови колку што освои, потенцирам, поддржана од 31 партија, одговараше Мицкоски. Тој неколку пати нагласи дека е убеден во конечната победа на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top