Чави разочаран од Нејмар: Не мислевме дека е таков…

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандес упати низа критики на сметка на својот поранешен соиграч од Камп Ноу, Нејмар со кого во 2015 година ја освои тројната круна..

Иако пред крајот на кариерата е во Катар, Чави внимателно ги следи работите во Барса и сите очекуваат еден ден да се врати во клубот, без разлика дали како функционер или тренер. 

Легендарната „шестка“ изјави дека е разочаран од однесувањето на Нејмар поради тужбата што Бразилецот против Барселона, а во која бара отштета од 26 милиони евра за лојалност. 

Освен тоа, на Чави му пречи однесувањето на Нејмар кон противничките фудбалери за што капак беше потегот против Рен во вторникот.

“Морам да признаам дека Нејмар ме разочара, ние во Барса не го учевме на такви работи. Можеби за клубот беше најдобро да си оди, но работите кои тој ги прави не му прилегаат на фудбалер како него и го прават помал во очите на јавноста. Искрено верувам дека од ова ќе извлече поука и ќе покаже повеќе почитување кон противниците и кон сите фудбалски фактори во неговиот живот”, изјави Чави.

Нејмар беше член на Барселона од 2013 до 2017 година, летоска го продолжи договорот во кој имаше клаузула за лојалност во висина од 26 милиони евра, но само неколку дена откако тој стапи на сила, замина во ПСЖ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top