Чавков: Казната е драконска, ги повикувам членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ да се обединат

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, испрати порака преку Фејсбук по изрекувањето на пресудата за „27 април“, во која тој беше осуден на 18 години затворска казна..

Низа реакции по вчерашната пресуда во која за упадот во Собранието на 27ми април  затворска казна од вкупно 211 години добија 16 осудени, меѓу кои највисоката од 18 години ја доби поранешниот шеф на БЈБ Митко Чавков. Тој вчера мирно и без реакции ја слушна пресудата, но потоа на Фејсбук напиша дека  казната е драконска и повикува на обединување против власта, а најави и тужба за службената белешка по која тој беше вратен во притвор, а во која стои дека планирал бегство во неговата вила на Халкидики, за која тој тврди дека не постои.

Јане Ченто, кој е осуден на 15 години затвор, го вратил решението за притвор кое вчера  го донесе Судот затоа што на него пишувало Северна Македонија. Тој се јави преку писмена реакција објавена на интернет пораталите, која наводно била пренесена преку неговиот адвокат Дончо Наков.

“Не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.“

Канал 5 го контактираше адвокатот Наков, кој демантираше дека тој го пренел писмо од неговиот клиент.

Единствено ослободен од обвинение беше оперскиот пејач Дурловски, кој првата реакција по пресудата ја изрази преку емотивно видео споделено на Фејсбук, над кое напиша – “Кога слободата е ропство, а среќата тагa”.

По затворските казни, не стивнаа ниту реакциите во јавноста, едни велат дека е донесена политичка пресуда, други пак велат дека правдата е задоволена.

“Дел од осудените мислам дека сеуште ги води некоја национална еуфорија и романтизам и даваа спектакуларни изјави пред судот може и со тоа си ги зголемуваат казните и си ги намалуваат шансите да бидат ослбодени. Иако никако не сакаат да ја погледнат вистината а тоа е деак проектот За заедничка македонија беше се само не патриотски проект, и го уништи ВМРО ДПМНЕ и беше многу јасен уште пред да започне како ќе заврши.”

“Правдата мораше да се задоволи мораше да има судски процес кој ќе значи во иднина попречување на сите обиди да се спречи легнално конституирано на органите на власта и да се попречи мирниот трансфер на власта. Упадот на 27ми април беше токму тоа. “

Освен судењето за извршителите, обвинителството води истрага и за организаторите на крвавиот четврток. Од таму не откриваат детали за истражните дејствија за да не се наштети на истрагата, но претходно посочија дека можните организатори се експремиерот Груевски, Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Владимир Атансовски и Никола Бошковски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top