Челси прави бомбастичен трансфер: Ако ги ослободи Реми и Коста, доаѓа „брзата стрела“

Доколку се случи ова лето Челси да ги ослободи од обврските Лоик Реми и Диего Коста, за кој се шпекулира на големо, „сините“ ќе се обидат да донесат бомбастично засилување од Бундеслигата..

Станува збор за Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, за кој вечерва и Скај Спорт излезе со стручна анализа дека зад големата фудбалска сцена нешто се случува.

Актуелниот шампион во Англија, откако извиси за Ромелу Лукаку, сега со сите сили ќе се впрегне да го ангажира брзоногиот Обамејанг од Дортмунд, за кој клубот веќе му постави цена.

„Милионерите“ за Обамејанг ќе бараат измеѓу 70 и 80 милиони евра, што за Челси доколку ослободи неколку играчи, ќе биде сосема прифатливо, бидејки Конте ќе сака уште една сезона да врзе со шампионска титула во Премиер лигата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top