Чешкиот сенат ќе и препорача на ЕУ да започне преговори со Македонија

Предлогот ќе биде доставен идната недела.

Горниот дом на чешкиот Парламент-Сенатот идната недела во согласност со Европската комисија (ЕК) се очекува да и препорача на ЕУ започнување на пристапни преговорите со Република Македонија.

Исто така, се очекува да се назначи дека во Унијата е многу важно повторно да стартува динамиката на процесот на пристапување на Турција, како стратешки партнер.

Овој Предлог ќе се најде пред чешките претставници врз основа на документот во кој ЕК го оценува напредокот на кандидатите од Западниот Балкан за членство во ЕУ.

Според официјалните документи, Македонија како земја-кандидат ги исполнува потребните политички критериуми, но треба да поработи на воведување во пракса на потребните реформи и да се зајакне слободата и независноста на судството.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top