Четири часа Боки 13 вршеше увид во доказите

Снимки, пари, посебни истражни мерки и други материјали се дел од доказниот материјал што Боки 13 и неговиот адвокат ги видоа денес..

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски соопшти дека не се работи за обемен материјал, но и дека не успеале да ги видат сите докази.

Сега одбраната на Бојан Јовановски има појасна слика за целиот случај.

Боки 13 се очекува исказ да даде откако ќе ги прегледа сите докази. Утре увид ќе врши и осомничената Катица Јанева.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top