Четворица кошаркари на Бруклин Нетс заразени со коронавирус

Бруклин Нетс вечерва соопштија дека четворица нивни играчи се заразени со коронавирусот..

НБА франшизата потврди дека четворица кошаркари покажале позитивност на тестирањето за коронавирусот.

Бруклин не сакаше јавно да ги открие имињата на заразените играчи, се наведува дека само еден покажал симптоми, додека останатите тројца не.

Сите тие одат во самоизолација, а останатите членови на тимот исто така ќе бидат изолирани и ќе работат според посебна програма и упати од стручњаците.

Сега вкупно седум кошаркари во НБА лигата се заразени со коронавирусот. Претходно тоа беа Руди Гобер и Донован Мичел од Јута Џез, како и Кристијан Вуд од Детроит.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top