Чилеанецот како венчан за каталонскиот клуб: Алексис Санчес не може без Барса!

Од 2011 до 2014 година Алексис Санчес го носеше дресот на Барселона, токму во периодот кога овој клуб не ја освои титулата во Лигата на шампионите..

Затоа, откако си замина постојано е гостин на Камп Ноу и тоа ќе биде и со третиот клуб по трансферот од Барса. Во рамките на Лигата на шампионите играше против Барселона и како член на Арсенал и на Манчестер Јунајтед и сега со Интер.

Со Арсенал гостуваше во осминафиналето во сезоната 2015/16, минатата сезона беше на Камп Ноу со Манчестер Јунајтед, а Интер е еден од трите противници, заедно со Борусија Дортмунд и Славија Прага, во годинешното издание од ЛШ. За негова жал, Санчес уште нема победа против Барселона, напротив, ги загуби сите четири натпревари досега.

Сепак, со кого и да дојде, Алексис е пријатно пречекуван на Камп Ноу и нема сомнение дека и сега ќе ги собере аплаузите. Интер гостува во Барселона во второто коло од групната фаза.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top