Чуден потег на „каталонците“: Барса ги врати медалите од Франко

Извршниот одбор на Барселона донесе одлука да се вратат двата почесни медала од колекцијата кои се врачени од поранешниот шпански диктатор Генералот Франко..

Станува збор за медалот доделен на отворањето на арената Палау Блауграна од 1971 година и медалот за 75-годишнината од постоењето на клубот во 1974. Повлекувањето на овие одличја ќе биде потврдено на следното Собрание на акционери на Барселона.

Првпат за ова стана збор во 2003 година, но клубот тогаш одлучи да го запре процесот бидејќи се сметаше дека тоа би бил исполитизиран потег.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top