Чудесен еликсир кој ги чисти белите дробови на пушачите

Доколку сте пушач повеќе од пет години досега сигурно барем еднаш сте имале бронхитис, кој се карактеризира со специфично кашлање..

Нормално најдобро би било засекогаш да ги оставите цигарите и да си го продолжите животот за неколку години, но доколку не можете ви предложуваме во секојдневната исхрана да ги вметнете следните наминици и еден рецепт за еликсир кој исто така многу ќе ви помогне.

Лук и кромид

Веќе се познати многубројните благодети на лукот и кромидот. Овие намирници имаат и антиканцерогено дејство и се одлична превентива за многу малигни заболувања. Кромидот е особено ефикасен во спречувањето на разни респираторни инфекции.

Ѓумбир

Овој староисточен зачин уште одамна е познат по своето чудесно лековито делување. Ѓумбирот е исто така важен за исфрлување на секретот наталожен во белите дробови поради пушењето.

Куркума

Овој неверојатен жолт зачин изобилува со витамини и минерали, а содржи и лековити омега 3 масни киселини. Куркумата делува антивирусно, антибактериски и антиканцерогено, па затоа е многу пожелно да ја вклучите во секојдневната исхрана.

Рецепт за еликсир кој ги прочистува белите дробови од цигарите:

Потребни состојки:

– 400 гр кромид

– 1 литар вода

– 400 гр шеќер

– 2 лажици куркума

– исчистен мал корен од ѓумбир

Подготовка:

Во сад на оган ставете ја водата и шеќерот да се варат. Додадете го исчистениот кромид, исецкан на четвртини и изренданиот корен од ѓумбир (со големина на палецот). Ставете ја кукумата и кога ќе зоврие намалете ја температурата. Варете се додека количината не се намали за два пати, процедете, ставете во стаклена тегла, а кога смесата сосема ќе се олади ставете ја во фрижидер. Земајте по две супени лажици наутро (на празен стомак) и навечер два часа по оброкот.

Предупредување: Пред да започнете со консумација на било кој лек, посоветувајте се со вашиот лекар или фармацевт.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top