Чудни кралски правила: Од што ќе треба да се откаже девојката на принцот Хари?

Влегувањето во кралското семејство има свои привилегии и маани..

Ако сака да се омажи за принцот Хари, актерката Меган Маркл ќе треба да се откаже од некои задоволства и обични работи, како играње монопол и јадење школки.

Привилегии има многу: флексибилно работно време, живот во палата, кралски скапоцен накит... да се биде член на британското кралско семејство е подеднакво прекрасно и напорно.

Актуелната девојка на принцот Хари, актерката Меган Маркл, официјално добила дозвола да му биде партнерка на Хари на свадбата на Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт, војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам.

Иако Меган уште нема свршенички прстен на раката, се шират шпекулации дека тоа нема да биде така уште долго. Во случај да го добие кралскиот предлот и да го прифати, еве од што ќе треба да се откаже во животот за да биде сопруга на принцот:

Играње „Монопол“

Звучи чудно, но играта „Монопол“ е забранета за играње во домот на кралското семејство. Ова правило важи од 2008 година, кога принцот Ендру, војводата од Јорк, забранил да се игра оваа друштвена игра бидејќи атмосферата станала „многу сурова“ и таквото однесување не било достојно за членовите на едно кралско семејство.

Јадење школки

Традиционално, кралското семејство се советува да не јаде школки како мерка на претпазливост, да не дојде до труење или алергиска реакција. Ова правило понекогаш се заобиколува, на пример принцот Чарлс сака одвреме-навреме да го јаде овој деликатес.

Кралицата Елизабета, од друга страна, се држи подалеку од оваа „опасна“ храна.

Изразување политички став или мислење

Иако имаат право на глас, членовите на кралското семејство традиционално се неутрални и не заземаат политички став, ниту пак искажуваат афинитети кон некоја политичка партија или определба. Ваквата традиција е со цел да се зачува неутралноста на кралското семејство и неговите членови да бидат подеднакво блиски до сите поданици.

Ќе мора да се откаже од презимето

Во многу земји, традиција е сопругата да го земе презимето на сопругот. Кралското семејство е едно ниво погоре. Како сопруга на принцот Хари, Меган ќе има титула без презиме: Нејзиното кралско височество принцеза на Велс.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top