Чудо во финишот, Парма се врати во Серија А

Еден од омилените италијански клубови Парма го комплетира својот кам-бек и повторно ќе игра во Серија А..

На поранешните “млекари” им беше потребна победа на гости кај Специја, но и реми или пораз на Фросиноне на домашен терен против Фоџа. Парма имаше убедливо водство од 2-0, но водеше и Фросиноне.

Сепак, Флоријано во 89. минута постигна гол за 2-2 и Парма застана на второто место на табелата.

Покрај нив, пласман во Серија А обезбеди и Емполи, а Палермо, тимот на нашите Несторовски и Трајковски, ќе игра плеј-оф.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top