Чудото од Дортмунд: Ниеднаш стартер, а прв стрелец во Бундеслигата

Барселона се откажа од Пако Алкасер во текот на летото иако лани неколку пати тој покажа дека е одлиен напаѓач..

Но, неговиот трансфер во Бундеслигата се покажа како одличен потег. Денеска постигна хет-трик за “милионерите” во победа од 4-3 против Аугсбург и изби на чело на листата на стрелците во германското првенство. Веќе има шест гола и јасно е дека ќе биде меѓу најдобрите во Германија оваа сезона.

Но, парадоксот е друг. Пако Алкасер ниеднаш во досегашниот дел од Бундеслигата не беше стартер за Борусија Дортмунд, а сепак е на чело на листата на стрелците. Такво нешто не е забележано во историјата на германското првенство.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top