ЦИА верува дека принцот Мохамед бин Салман го наредил убиството на Кашоги

Американската Централно разузнавачка агенција верува дека саудискиот приц Мохамед бин Салман го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, пренесуваат американските медиуми..

Извори блиски до агенцијата за медиумите тврдат дека ЦИА веќе има собрано докази кои го поврзуваат принцот со убиството. Дополнително тие се сомневаат дека таква операција била спроведена без знаење на наследникот на саудискиот трон.

Ријад ги нарече тврдењата во американските медиуми лажни и инсистира дека принцот немал никаква врска со убиството на Кашоги.

Но Вашингтон пост, весникот за кој работеше Кашоги, објави телефонски разговор, од чија снимка копија поседува и ЦИА, меѓу новинарот и Халед бин Салман, саудискиот амбасадор во Вашингтон и брат на принцот Мохамед. Во разговорот, Халед му укажува на Кашоги дека се јавува во име на неговиот брат кој му гарантира дека ништо нема да му се случи во конзулатот во Истанбул.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги беше убиен на 2 откомври во саудискиот конзулат во Истанбул и неговото тело се уште не е најдено. По неколку дневно негирање, саудиските власти признаа дека Кашоги загинал во конзулатот, но не по нарачка на Ријад туку во тепачка со луѓе кои случајно ги сретнал во конзулатот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top