Циклон направи пустош низ Африка - Најмалку 100 загинати

Над 100 лица загинаа во Зимбабве и во соседниот Мозамбик во тропскиот циклон Идаи,a стотици се водат за исчезнати..

Во Зимбабве до сега има 65 жртви ,а во соседниот Мозамбик 48, соопштија локалните власти. Во големото невреме со силни дождови, ветрови и грмотевици, што предизвикаа уривање на мостови и носење куќи, уште десетици се водат за исчезнати.

Полицијата соопшти дека само во Зимбабве има меѓу 100 и 200 исчезнати лица , а бројот на повредени е голем. 

Спасувачите тешко се пробиваат до местата, кои се најпогоени од невремето, а поради ветрот не можат да ги користат воените хеликоптери.

Според податоците на ОН, над 10 000 луѓе биле на ударот на циклонот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top