Ципрас: Ако од Путин добијам вратоврска, можеби ќе го прекршам ветувањето

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој е познат по тоа што не носи вратоврски, за време на посетата на Москва и средбата со рускиот претседател Владимир Путин, повторно не носеше вратоврска.

Тој повеќепати објаснил дека не носи вратоврски зошто го потсетуваат на бесилка, која го стега „грлото“ на грчкиот народ. Тој сепак, рекол дека тоа ќе се промени кога Грција ќе доживее економски препород.

Грчкиот премир по средбата со Путин, им се обрати на домашните новинари:
„Секако, ако од Путин добијам таков подарок, можеби следниот пат ќе го ставам на мене“. „Договорено“ одговорил Путин, пренесе ТАСС.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top