Ципрас: Еден викенд пред договорот ги фрливме пенкалата и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик

Доскорашниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за „360 Степени“, зборуваше за преговорите кои доведоа до потпишувањето на Договорот од Преспа..

„Не беше лесно прашање, можеби некој трет отстрана да го гледа како лесно прашање и некои да велат дека не направивте многу големи чекори. Но, реалноста е дека покрај името постоеја и други детали што требаше да се решат поврзани со наследство, со билатералните односи, многу тешкотии што требаше да се надминат, и верувам дека работевме интензивно и направивме договор што дава одговор на сите сложени прашања. Но, не беше лесно да најдеме консензус за сите прашања“,

рече Ципрас.

Тој откри дека кратко пред постигнувањето на компромисот, мислеле дека нема да може да најдат заеднички јазик.

„Да, постоеше еден момент пред конечниот договор, еден викенд, кога ги фрливме пенкалата и јас и Зоран и г-динот Коѕијас и г-дин Димитров и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик. Но, надвладеа логиката. Тоа беше непосредно пред договорот, неколку дена пред потпишувањето на договорот. Беше на крајот на еден многу тежок пат. Секогаш постои замор, секоја страна мисли дека ги исцрпила „црвените линии“. Една недела пред телефонскиот повик од Зоран, направивме некои исправки или ако сакате отстапки од двете страни, една недела пред договорот ги оставивме пенкалата и мислев ќе немаме договор“,

рече Ципрас.

Тој вели дека станува збор за договор што треба да го истражуваат идните дипломати, бидејќи, како што вели, не е договор што некого понижува или некого оправдува.

„Се работи за договор создаден со компромис и волјата на двете страни со желба да гледаме напред давајќи им перспектива на двата народа“, рече Ципрас.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top