Ципрас ги потсети грчките комунисти на „славомакедонскиот буквар што го делеа во Ташкент“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас восиноќешниот говор за време на расправата во грчкиот парламент за Договорот од Преспа ги потсети пратениците на Комунистичката партија на Грција, кои нема да гласаат за договорот, на нивните заложби во минатото..

„Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но, ќе го споменам славомакедонскиот буквар што членовите на КПГ го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на ДАГ. Ќе ги споменам и 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983-та. Ќе ја споменам и славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жртва на граѓанската војна во Грција. За ова ве оставам да си размислите самите со себе. За тие грижи што ги носите на совест, Ве оставам сами да се соочите“, рече Ципрас.

Ретко кој грчки политичар вака отворено се осмели да зборува за ова болно прашање за Грција, за депортацијата на Македонците од северниот дел на Грција за време на Граѓанската војна во оваа земја.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top