Ципрас: Грција ќе се препороди во 2019 година

Ова е прва нова година кога можеме да кажеме дека жртвата и битката на грчкиот народ се исплтија, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата новогодишна порака до граѓаните..

Ципрас зборуваше за иднината на Грција во 2019 година како година на надеж и оптимизам, но и година за препородување на земјата.

“Новата 2019 година е прва година во која се дише слободно. По толку многу години ја добивме битката со вработувањето. Продолжуваме да се движиме уште побрзо и понатаму за дополнително да се намали невработеноста. Веќе ја добивме битката со отворањето на 350.000 нови работни места, но нашата цел е да се добие војната. Да го спречиме егзодусот на младите, способни и креативни луѓе во странство. Нашата татковина повторно да биде нивна татковина, а не маќеа на нашите деца “, рече Ципрас во своето новогодишно обраќање.

Тој истакна дека е завршен период на мерките за штедење и потсети на најавените позитивни владини мерки, како што се враќањето на колективните договори и зголемувањето на најниската плата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top