Ципрас: Ќе ни суди историјата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го бранеше договорот што Грција го потпиша со Македонија за ставање крај на долготрајниот спор околу името на земјата, велејќи дека верува оти неговата влада „ја изврши својата патриотска должност“..

„На сите нас ќе ни судат народот и историјата. Мислам дека ја исполнивме нашата патриотска должност, во услови на закани и уцени. Но наскоро ќе ни судат грчкиот народ и историјата, а главно наредните генерации“, им рече тој на пратениците за време на напнатата дебата во парламентот во врска со ратификацијата на протоколот со кој Македонија се приклучува во НАТО.

„Горд сум со ставот на пратениците што гласаа за договорот.“

Ципрас, исто така, ги отфрли повиците на водачот на Неа демократиа за одржување предвремени избори, велејќи му на Киријакос Мицотакис дека очекувањата на неговата партија ќе останат неисполнети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top