Ципрас на Лезбос: Да немаме договор соТурција работите би биле полоши

Тој зборуваше за договорот ЕУ-Турција од 2016 година, кој значително го ограничи приливот на мигранти од Турција, но илјадници баратели на азил останаа блокирани во Лезбос и други грчки острови, предизвикувајќи гнев на нивните жители..

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го бранеше контроверзниот договор помеѓу ЕУ и Турција за мигрантите, во обид да го олесни гневот на грчкиот остров Лезбос, каде се сместени речиси 9.000 бегалци и мигранти.

– Ако не ја имаме оваа рамка (договор), работите би биле трипати полоши – рече Ципрас за време на посетата на Лезбос.

Тој зборуваше за договорот ЕУ-Турција од 2016 година, кој значително го ограничи приливот на мигранти од Турција, но илјадници баратели на азил останаа блокирани во Лезбос и други грчки острови, предизвикувајќи гнев на нивните жители.

– Пред три години, 4.000-5.000 луѓе доаѓаа секој ден- рече Ципрас, но исто така призна дека условите се „многу тешки за мигрантите и за жителите”.

Лезбос има околу 86.000 жители, а стотици илјади мигранти и бегалци поминаа оттаму на пат кон Европа.

Пристигнувањето на Ципрас во Лезбос, каде што зборуваше на конференцијата, беше проследено со демонстрации на околу 2.500 граѓани и генерален штрајк.

По завршувањето на протестот, група од околу 80 лица (најверојатно радикални десничари) ја нападнаа полицијата и сакаа да стигнат до објектот каде што се одржа обраќањето на Ципрас. Полицијата во одговор употреби солзавец. Откако беа спречени, се упатиле кон канцеларијата на СИРИЗА, и биле нападнати и новинарски екипи.

Според грчки медиуми, полицијата привела две лица.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top