Ципрас потврди, парламентарни избори на 7 јули

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 7 јули по поразот на неговата левичарска партија Сириза на локалните и на изборите за Европскиот парлмент..

Ципарс во интервју за ЕРТ телевизија изјави дека в понеделник ќе отиде кај грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да побара избори. 

„Резултатите од евроизборите ни испратија порака за разочараноста на граѓаните. 

Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ“, рече 44 годишниот Ципрас кој на власт дојде во јануари 2015 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top