Ципрас прв грчки премиер што ја посетил Р. Македонија

Потпишувањето на договорот за името помеѓу Грција и Македонија предизвика нови потреси на политичката сцена во Грција..

Коалицискиот партнер на Ципрас „Незавсини Грци“ остана без уште еден член поради договорот со Македонија. За помалку од 12 часа оваа партија остана без двајца членови.

Ваквите одлуки доаѓаат откако Димитрис Каменос вчера ја поддржа инцијативата на Нова демократија за недоверба на валата и тој повеќе не е во партијата.

 И портпаролката на Магделана Пападопулу соопшти дека си заминува. Таа на својот фејсбук профил напиша:

Мојата совест ми наметнува да се повлечам од активната политика и да си се вратам дома. Одвратниот договор што произлезе од криминалните политики во минатото не треба да се потпише од министерот за надворешни работи и од никој друг.

Со критики до партнерот во грчката влада Панос Каменос упати одговорниот за надворешната политика во Нова демократија Јоргос Кумуцакос.

„Во Преспа се потпиша политичкиот крај на политичарот што даде сѐ, ама баш сѐ, за фотелјата. Од денес, Панос Каменос и Независни Грци имаат само минато, малку сегашност и никаква иднина, напиша Кумуцакос на „Твитер“.

Алексис Ципрас во историјата ќе биде како првиот премиер што ја посети ПЈРМ, јавуваат грчките медиуми.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top