Ципрас: Ратификацијата на договорот е историски чекор

Ратификацијата на преспанскиот договор ќе биде историски чекор, рече премиерот на Грција, Алексис Ципрас за време на своето обраќање пред пратениците во парламентот, додавајќи дека со тоа се решава и долготрајниот спор за името..

Премиерот, исто така, ги осуди закани и заплашување на пратениците кои го поддржуваат договорот од Преспа.

Во пресрет на гласањето за договорот кое ќе се одржи в петок, во 14 часот и 30 минути по локално време, Ципар посочи дека по речиси триесет години неактивност и по една година исцрпни преговори се доаѓа со крајот на еден исцрпувачки процес.

„Инерцијата, кукавичлукот и одложувањето резултираа со тоа што над 130 земји, меѓу кои САД, Русија и Кина, ја признаа ФИРОМ едноставно како Македонија“, рече Ципрас, пренесува „Катимерини“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top