Ципрас: Верувам Русија ќе почне да ја ословува соседната земја како „Северна Македонија“

Ципрас е во посета на Москава, меѓудругото и со мисија да го убеди Путин да почне земјава да ја ословува како Северна Македонија.. Но, официјална Москава останува на ставот дека Договорот од Преспа е наметна од западот..

Ниту по денешната средба, прва по три и пол години во Кремљ, не стана јасно дали Москва ќе отстапи од позицијата да продолжи да ја ословува земјава како Македонија, и по евентуалното стапување на сила на Преспанскиот договор. На заедничката пресконференција, Ципрас порача дека со Путин го надминале проблемот со протерувањето на руските дипломати од Атина, но не појасни дали рускиот лидер го прифаќа и Договорот за името.

-Разговаравме и за Поранешната Југословенска република Македонија. Јас му објаснив на г-нот Путин зошто Договорот од Преспа е важен и зошто нашиот сосед треба да го смени уставното име, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

Претходно, во интервју за за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон", министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, го реафирмира ставот . Уставните измени во Македонија се наметнати со уцени, поткуп и со директна вмешаност на странски дипломати, вели Лавров, потенцирајќи дека е очигледна големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија.

-Во собранието, на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму. Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019-та. вели Лавров во интеврјуто

Русија во два наврата порача дека Преспанскиот договор на крајот ќе мора да  се најде на маса пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, каде што и Москва има право на глас.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top